-->
-->
Помпео и Фон дер Лајен се договорија САД и ЕУ да работат заедно за глобалните прашања
-->

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео и новоизбраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изразија намера заеднички да работат на прашањата од приоритетната светска политичка и економска агенда, се посочува во соопштението на Стејт департментот по нивната средба во Брисел, пренесоа светските агенции.
Државниот секретар и го честита изборот на Фон дер Лајен. Двете страни потврдија дека тесната соработка меѓу САД и ЕУ е многу важна за просперитетот како на атлантскиот регион, така и на целиот свет. Двајцата ја изразија заедничката одлучност да се работи врз широк круг глобални прашања, се посочува во соопштението.
Неговата посета се случува во момент на дипломатски тензии меѓу трансатлантските сојузници, вклучувајќи ги и царините за европските автомобили и разликите во политиката кон Иран и климатските промени.
При посетата на Брисел, која ќе продолжи и денеска, Помпео ќе се сретне со лидерите на ЕУ и НАТО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
