Свет
19. September 2016 - 10:33

„Помагачи на Виена“: Жителите на Виена да се подготват за вонредна состојба

Официјалната установа за превентивна политика на Виена „Помагачи на Виена“ ги повика граѓаните да набават привремени залихи заради надминување на можните проблеми во снабдувањето. 

Во летокот, кој им е доставан на граѓаните, тие се советуваат да се снабдат со залихи од вода и долготрајни намирници. 

Потпретседателот на здружението, Хари Копиц, кој е претседател на Собранието на покраината Виена укажува дека снабдувањето со вода е обезбедно, но дека секогаш нешто може да се случи. 

Тој нагласи дека на пример земјотрес, може да го прекине снабдувањето со вода. 

- Поради тоа е корисно во домовите да се чуваат вода  и намирници за околу три дена, додаде Копиц. 

Тој укажа и дека може да дојде до прекин на снабдување со струја, опасност за која веќе долго време се дискутира во Европа, а без струја не работат супермаркетите. 

Здружението исто така ги советува граѓаните за помали повреди да се подготват во своите домови, со тоа што ќе набават комплет прва помош, но и да имаат знаење од таа област. 

Исто така се советуваат да набават едноставни извори на енергија и светло, како и радио на батерии, со цел во случај на прекин на снабдувањето со струја да добијат корисни и важни информации.