Полска нема веќе да и доставува оружје на Украина
Полска нема веќе да и доставува оружје на Украина. Ќе се концентрираме на сопственото вооружување објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Полска и даде голема поддршка на Украина во војната со Русија, донирајќи и дури една третина од сопствените воени залихи и арсенал и прифакајкќ над 1, 5 милиони бегалци. Дополнително, ја охрабри Германија да и испорача на Украина тенкови Леопард 2.
Најавата за прекин на испораката на оружје дојде во време кога полско - украинските односи се затегнати поради конфлиркот со жито На 15 септември. Полска, Словачка и Унгарија најавија дека органичувањата на увозот на жито од Украина ке останатат, откако Европската комисија одлучи да не ја продолжи мерката која беше воведена во тие земји за да се зашити егзистенцијата на локалните земјоделци поради ниските цени на укрианското жито...
Европската комисија не го одобри потегот на Полскаа Унгарија и Словачка а Украина поднесе жалби до Светската трговска организација. Некои земји само глумат солидарност и индиректно ја поддржуваат Русија, изјави украинскиот претседател Зеленски во ОН. Доколу Киев го есклаира спорот за житото, Варшава се закани дека ќе го зголеми бројот на забранети производи од Киев.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар