Полска компанија за муниција го зголемува производството како дел од европскиот план за Украина
Полскиот производител на муниција Дезамет, дел од државната групација за оружје Polska Grupa Zbrojeniowa (PGZ), значително ќе го зголеми својот производствен капацитет заради снабдување на Украина со муниција финансирана од Европската Унија, изјави вчера полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Најавата на Моравјецки доаѓа пред планираната посета на комесарот за внатрешен пазар на Европската комисија, Тиери Бретон, на Дезамет в понеделник.
Седумнаесет земји-членки на ЕУ и Норвешка оваа недела се договорија заеднички да набават муниција за да и помогнат на Украина и да ги надополнат сопствените резерви, соопшти Европската одбранбена агенција.
Дезамет, кој произведува муниција за артилерија, минофрлачи и гранатофрлачи, е една од 50-те компании за оружје во групата ПГЗ.
„Таа фабрика може да смета на нови нарачки и средства, ќе започнеме нови производни линии во оваа компанија и во други за производство на муниција“, изјави Моравјецки за полското радио RMF на прашањето од новинарите за посетата на Бретон на фабриката.
„Сакаме повеќекратно да го зголемиме производството што е можно побрзо“, додаде тој.
Моравјецки рече дека очекува и приватните компании во Полска да го зголемат производството на муниција.
ПГЗ има намера да го зголеми бројот на вработени за неколку илјади луѓе, изјави вчера шефот Себастијан Чвалек. Групата моментално вработува околу 20.000 луѓе.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
