Полска ја покани Грција да учествува во коридорот Виа Карпатија

Полска ја поканила Грција да учествува во приоритетниот транспортен проект за Источна Европа „Виа Карпатија“, кој има за цел изградба на коридор по оската север-југ, кој ќе ги поврзува Литванија, Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција.
Поканата ја упатил полскиот претседател Анджеј Дуда за време на вчерашната посета на Атина каде се сретна со неговиот грчки колега Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.
Главна тема во раговорите биле соработката меѓу земјите од Источна Европа и Балканот, со фокус на развојот на енергетските и транспортните мрежи.
Новата енергетска мапа на регионот, исто така била предмет на дискусии меѓу двете земји, јавија грчките медиуми кои потсетуваат дека Грција и Полска се единствените европски земји, за кои постои перспектива за увоз на гас од шкрилци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
