Loading Video...
Фудбал
9. јуни 2019 - 18:37

Полска е минато, со офанзивна игра атакуваме на три бода против Австрија

 
Полска е веќе минато, а македонските фудбалери веќе се насочени кој претстојниот евро-квалификациски меч со Австрија. 
 
Селекторот Игор Ангеловски истакна дека нема да менува ништо во начинот на играта и дека со офанзивна игра ќе се обидеме да дојдеме до трите бода.
„Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму,. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање“, изјави Ангеловски.
 
Со селекторот се согласува и Несторовски кој верува дека овојпат против Австријците напаѓачите ќе бидат могу попрецизни и дека Македонија ќе постигне гол. 
 
„Ние подолго време играме добро, против сите репрезентации играме да дадеме гол и да бидеме подобри. Бевме доста добри со Полска, а ако согледаме добро се работи за еден квалитетен тим. Штета за нас што не одигравме барем нерешено. Ни дадоа шут по еден обичен допир. Имавме полуизгледни шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол“, изјави Несторовски.
 
Селекторот Ангеловски информираше дека Елиф Елмас поради повреда на зглобот на ногата е неизвесен за наспат против Австрија. Сите други се во комбинација и конкурираат за место во тимот на утрешниот дуел. Нашата најдобра селекција вечерва на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 19:15 часот ќе го одржи официјалниот тренинг, додека дуелот со Австрија е утревечер на националната арена „Торор Проевски“ со почеток од 20 часот и 45 минути