Полни раце работа и за лекарите и за полицајците: 14 сообраќајки во Скопје, 15 повредени лица

Едно лице е тешко, а 14 се полесно повредени во вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле вчера на територијата на Скопје. Во пет е причинета материјална штета.
Во една од сообраќајните несреќи со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број прекршоци. Санкционирани се осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои не ги почитувале правилата за престигнување и десет возачи кои не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон.
Вкупно 17 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Тројца возачи почетници сториле прекршоци по разни основи.
Од полицијата затекнати се 36 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 49 возила.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
