Полнеле вода од извор, но се задушиле од отровен гас - двајца битолчани пронајдени мртви кај „Сребрена вода“
Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола.
Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Интервенирала и екипа на ТППЕ-Битола.
Утврден е идентитетот на починатите, станува збор за А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.
Инаку, не е ретка појавата, на изворите за кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, лица кои полнат вода поради гас во околината на изворите да го изгубат својот живот.
Ново на Сител
-

Силјановска го пречека бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
