Политичките аналитичари најавуваат победа на Груевски на изборите
Реализираните проекти го прават Груевски сигурен во нова победа на изборите во април. За политичките аналитичари нема неизвесност околу прашањето кој ќе го добие мандаот за нова влада идната година
Пандов вели дека очекува во периодот кој следи, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски целосно да се посветат на реализација на проекти кои ќе овозможат повисок стандард и отворање на нови работни места.
И Груевски вчера во интервју за Нетпрес најави силно темпо до април. Премиерот потенцираше дека и во екот на кризата, реализацијата на ветеното не запрела, но сега, по нејзиното завршување се отвора простор за поинтензивна динамика
Груевски вели дека е убеден во победа на изборите бидејќи како што рече, народот знае да го направи вистинскиот избор
И анкетите на јавното мислење потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе голема победа на изборите во април. Последната анкета на угледниот американски републикански институт покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност во однос на СДСМ
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
