Полициските кадети бараат средба со министерот Спасовски
Полициските кадети од последната класа 2017/2018 година кои не добија решенија од Министерството за внатрешни работи и денеска пред МВР побараа средба и објаснување од министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски зошто немаат писмен документ дека се одбиени и од која причина.
- По објавување на ранг листата министерот е должен да донесе решение за склучување на договори според постигнатите резултати на самата ранг листа, појасни Дарко Петкоски кој е еден кандидатите кои не добиле решение.
Кадетите се жалат дека некои од објаснувањата на МВР се дека тие имале криминално досие, а појаснуваат дека кога конкурирале за обуката сите кадети поднеле потврда за неосудуваност. Кадетите бараат МВР да им се извини за таквата навреда и нагласија дека доколку полицијата смета дека се криминалци, тогаш заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу да понесе одговорност бидејќи тој ги потпишал нивните договори.
Од претходата прес-конференција на кадетите, до сега, десеттина нивни колеги добиле решение од МВР и, според нив, остануваат уште 30 полициски кадети без договор.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга