Македонија
16. November 2025 - 16:50

Полициските билтени полни

Полициските билтени за Охрид секојдневно полни со физички пресметки,агресивно оденсување, фатени лица за препродажба на наркотични дроги и кражби.

Од охридската полиција велат дека на терен се соочуваат со полни раце работа но за разлика од летниот период каде најчести нарушители беа малолетни лица и млади од земјава и странство, кои летуваат на брегот на Охридското Езеро, моментално мал е бројот на овие лица поврзани со овие дела.

Иако најчесто станува збор за лица кои и се добро познати на полицијата сепак не се исклучува можноста од вклученост и на нови лица.

Од СВР Охрид велат дека во координаирани акции се справуваат со овие појави ги пронаоѓаат и приведуваат сторителите.