Полициска операција во источен Лондон

Лондонската полиција денеска спроведе операција во реонот на Баркинг во источен Лондон, при која е извршен претрес во станот во кој живеел еден од тројцата извршители на синоќешниот напад во центраот на британскиот главен град, при што загинаа седум лица.
Текевизијата „Скај Њуз“ објави снимки направени од воздух на кои се гледаат кордон полицијци распоредени околу еден станбен блок во баркинг, пред кој е паркирано возило на Брзата помош.
Очевидец на настанот за телевизијата изјави дека за време на операцијата се слушнале детонации, за кои потоа е утврдено дека биле контролирани експлозии.
„Скај Њуз“ јави дека при полициската акција се приведени четворица мажи и една жена, но според други избори, од слобода биле лишени вкупно 12 лица.
Засега нема детали за нивните идентитети, како ни за причните за нивно приведување.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
