Полицијата запрела возило на патот кај Гостивар - пронајден кокаин
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.М. (35) од село Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.12.2018 година во село Здуње, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „шевролет’’, во кое бил пријавениот со уште две други лица, биле пронајден и одземен кокаин и други предмети со остатоци од кокаин. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден пријавениот му продал кокаин на Л.С.(26) село Мало Турчане, гостиварско, додека при извршен претрес во куќата на пријавениот биле пронајдени и одземени пари кои потекнуваат од недозволена трговија со дрога.
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
