Полицијата во Италија ја конфискува некогашната јахта на Мусолини

Италијанската полиција соопшти дека конфискувала јахта, која некогаш му припаѓала на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, од бизнисмен, кој е осомничен дека е поврзан со голема криминална мрежа.
Луксузната јахта била дел од имотот вреден 28 милиони евра, конфискувана во текот на истрагата против три физички лица и десет компании.
Според наредбата за конфискување, издадена од судот во Рим, станува збор за бизнисменот Салваторе Скиланте (68). Тој ја купил јахтата преку една од компаниите, кои се предмет на истрага.
Јахтата „Црн пламен“ му ја подарил на Мусолини пријател фашист во ’30-те години од минатиот век.
Судската документација покажува дека Скиланте, кој беше осуден на општествено корисна работа за фалсификуван банкрот во 1993 година, извршувал сомнителни бизнис зделки и постои сомневање дека е поврзан со мафијашката мрежа во Рим.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
