Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец врз демонстрантите

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец врз демонстрантите пред Полициската станица во Западниот округ на градот, доцна попладнево. Во новиот протестен марш илјадници демонстранти го изразуваат своето незадоволство од контроверзниот закон за екстрадиција и особено полициската бруталност врз нив во изминатите недели, јави ДПА.
Полицијата за борба вината ја префрли на демонстрантите кои ја запоседнаа Конеу Роад, главната улица во непосредна близина на полициската станица. Тоа беше само еден од неколкуте фронтови во денешниот масовен протест што се орагнизира без одобрение од полицијата.

Демонстрантите се бранеа со големи чадори и носеа маски за лице и очила, што им се доставуваат на организиран начин за да се избегне вдишувањето чад од солзавецот.
Насекаде низ градот, илјадници демонстранти направија барикади за да ги блокираат улиците во популарната шопинг област, додека илјадници други окупираа парк во централната бизнис-област, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
