Полицијата уби 16-годишна Афроамериканка во Охајо
Полицијата во Колумбус, главниот град на американската сојузна држава Охајо, уби 16-годишна Афроамериканска по интервенцијата дека со нож нападнала две девојки
Убиената девојка е идентификувана како Маки Брајант. Нејзината тетка Хејзел Брајант изјави дека тинејџерката живеела во згрижувачко семејство, а на инцидентот претходела расправија со други две девојки.
На полициската снимка се гледа како Брајант замавнува со нож кон една од девојките, која паѓа, а потоа ја напаѓа другата девојка, при што полицаецот отворил оган.
Хејзел Брајант тврди дека нејзината внука го фрлила ножот пред да биде повеќепати застрелана.
Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќата каде се случи инцидентот.
Градоначалникот на Колумбус, Ендрју Гинтер го потврди инцидентот, истакнувајќи дека полицајците ја снимале интервенцијата и оти Бирото за криминалистичка истрага од Охајо (БЦИ) отвори истрага.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
