Македонија
17. јуни 2023 - 10:43

Полицијата уапси 24 годишен тетовец - во неговиот дом била пронајдена марихуана

На 16.06.2023 околу 18.25 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што по извршен претрес, а по претходна судска наредба од Основен суд Тетово, во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.