Полицијата трага по 51-годишник од Делчево
Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово. Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово.
Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР.
Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.
Повеќе детали за текот на потрагата за исчезнатиот Т.С кој инаку е вработен во МВР Делчево најавија во текот на вечерта.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро