-->
-->
Полицијата спречи криумчарење на мигранти
-->

На 02.08.2020 во 04.30 часот во близина на раскрсница кај с.Црвени брегови на регионалниот пат Неготино - Градско од полициски службеници од Полициска станица Михајлово бил лишен од слобода А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило “фолсваген венто“ без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти. При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш. За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
