Полицијата спречи илегален влез на мигранти, возачот побегнал во непознат правец
На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице. Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец . По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот , при што било утврдено дека во товарниот простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан). Лицата се редадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага .
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце