Полицијата штрајкува во Бразил, бандите уништуваат низ улиците

Во 30 градови во Бразил полицијата штрајкува и одбива да спроведува закон, а последиците од тоа безвластие се застрашувачки, објавија британски медиуми.
Според Дејли мејл, за три дена од почетокот на штрајкот на полицајците бројот на убиства Бриазил е зголемен за неверојатни 650 отсто.
Најмалку 52 лица се убиени, а бандити уништуваат по улици со мачети и огнено оружје, ограбуваат продавници, палат автобуси и оставаат мртви тела зад себе.
Насилствата се најголеми во државата Есприто Санто каде немирите и злосторствата ги примораа властите да затворат болници и школи.
Во главниот град на таа држава, Викторија, стапката на убиства во 2015 година била два дневно, а во изминатите три дена се пријавени 17 убиства. На барање на локалните власти федерални војници се испратени за да патролираат на улиците. Вкупно се испратени илјада војници и 200 припадници на националната гарда.
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
