Полицијата приведе две лица кои сакаа да ја обноват црквата во Галате

По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата Св. Петка, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20:30 е пуштен на слобода.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека попладнево околу 18 часот денес во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени.
- Тие се приведени заради тоа што не почитувале наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот, рече за МИА, портпаролот Реџепи.
Тензиите кои се подигнаа околу уредувањето на дворот и околината на црквата Св. Петка која се наоѓа на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште не се смирија и попладнево. Вчера, жители на селото Галате кои иницираа акција за уредување на просторот околу црквата која беше оштетена од пожар во 2001 година, се пожалија дека полицијата по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата и преку полициска интервенција им врши притисок.
Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“, каде што, според пријавата се изведувале незаконски градежни работи на црквата.
- При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани коишто го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО, наведува портпаролот Реџепи.
Попладнево, група граѓани ги отстрани лентите кои ги поставил градежниот инспектор и бараа прием кај градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, но до средба не дојде.
Ново на Сител
-

Најмалку 12 загинати и над 200 повредени во силниот земјотрес на Филипините
-

„Лајка“: Проблемот со бездомните кучиња не почнува на улица, туку со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување
-

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот - Мадридистот Жозе Мурињо
-

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-

Истрага против двајца браќа, пробале да убијат човек поради недоразбирање во сообраќај во Шишево
-

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран
-

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
