Фудбал
2. October 2017 - 13:16

Полицијата приведе 15 навивачи на Вардар и Шкупи

Петнаесет лица биле приведени вчера попладне по тепачка меѓу навивачките групи на ФК“Вардар“ и ФК“Шкупи“ на кејот на Вардар во Скопје.
 
МВР информира дека тепачката почнала околу 15:20 часот во Скопје, а била прекината по интервенција на полицијата.
 
Приведени биле 15 лица, а по извршениот разговор поднесени се 15 пријави за парична казна за констатиран прекршок – насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.