Полицијата ќе ги наградува возачите без алкохол во крвта

Бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од алкохолизирани возачи во Словенија оваа година е во пораст, а кај возачите на кои им е направен алкотест во просек се откриени 1,51 промили алкохол во крвта.
Но, на сите оние кај кои ќе се утврди дека се „чисти“ зад воланот им следува награда - интересен музички настан. Бројот на загинати на словенските патишта оваа година е во значителен пораст, а кампањата за зголемен надзор и освестување на возачите под назив „Словенија дува 0,0 промили“ пристигнува во вистински момент - кога дозрева младото вино.
Од почетокот на годината на словенските патишта во несреќи смртно настрадале 117 луѓе, од кои 30 поради возење под дејство на алкохол, а во околу 14.000 сообраќајни несреќи откриени се 1.500 алкохолизирани возачи, што е преку 20 проценти повеќе од лани.
За да ги стимулира учесниците во сообраќајот да се воздржат од консумирање на алкохол и опијати, словенската полиција во акцијата која трае до средината на месецов организира мотивирачка наградна игра. На оние возачи кај кои со тестирањето ќе се утврди дека се целосно „чисти“ ќе им подарат среќки за лотарија на која можат да добијат бесплатни карти за концерт на полицискиот оркестар и популарни пејачи на забавна музика.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
