-->
-->
Полицијата казни 50 пијани возачи во Куманово
-->
Од 259 контролирани возачи во зајакнатата акциска контрола што ја спроведе СВР Куманово во деновите од викендот, констатирани се 80 прекршоци на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила.
Според СВР Куманово, „загрижувачки е податокот дека најголем број прекршоци, во 50 случаи, се констратирани за управување возило под дејство на алкохол“.
Осум прекршоци, според денешното соопштение од СВР Куманово, се за управување возило пред стекнување право за управување со моторно возило. Регистрирани се и 22 останати прекршоци од кои 9 се за нерегистрирани возила, пет прекршоци за возач почетник...
Во интерес на безбедноста на учесниците во сообраќајот и на граѓаните СВР Куманово апелира да не се управува возило под дејство на алкохол и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација