Полицијата има осомничен за убиството во Струга

Едно лице е приведено поради постоење основано сомнение за можна поврзаност со денешното убиство во Струга, информира попладнево портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Димоски не откри повеќе детали во врска со случајот, но посочи дека СВР Охрид ќе изврши разговори и ќе продолжи со преземање мерки за негово расчистување.
Околу 13.15 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга од возило во движење, марка „Голф“, било пукано врз жител на Струга, роден 1973 година.
Тој бил префрлен во Струшката болница каде им подлегнал на повредите.
- Во 13 часот и 15 минути во хирушкото одделение го донеле лицето Аргетим Асани со прострелни рани во градите и вратот. Во моментот на приемот контстатирана е неговата смрт. За жал не можевме да дадеме никаква помош, изјави Речи Илми, хирург во струшката болница.
Дел од медиумите претходно објавија дека застреланиот е Аргетим Асани, заменик директор на УЈП, член на Управниот одбор на ФФМ и член на ДУИ. Партијата во меѓувреме демантираше дека тој е нивни член.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
