Македонија
26. January 2019 - 13:37

Полицијата апси дилери на дрога, приведен штипјанец и гостиварец

Вчера во 14,00 часот на улица „Ванчо Прке“ во Штип при претрес на И.Г.(45) од Штип, кај него е пронајден хероин. И.Г. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 20,00 часот во Гостивар на улица „101“ од слобода е лишен А.С.(26) од село Дебреше, гостиварско. При преглед, на лицето кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.