Полицијата апсеше наркодилери во Скопје и Тетово
Вчера во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.М.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во близина на езеро Треска, го лишиле од слобода В.Ј.(25) од с.Глумово, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вчера во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир ги лишиле од слобода Е.А.(32) и Б.Р.(36), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Полициски службеници на СВР Тетово синоќа околу 23 часот го лишиле од слобода А.К.(19) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосното документирање, против нив ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци