Полицијата апсеше дилери на дрога во Скопје
Во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле уаспени неколку лица поради нелегално поседување на дрога.
Вчера во 22,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Илинден“ го лишиле од слобода А.Б.(27) од Кавадарци затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Во исто време во 22,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.Р.(43) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Нешто подоцна во 02,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода М.И.(23) и С.Б.(52) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев