Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел

Бриселската полиција се уште трага по двајца осомничени кои утрово околу 6.15 часот отвориле оган од автоматско оружје во бриселската населба Андерлехт, по што влегле во метро станицата „Клемансо“, од каде се претпоставува дека побегнале преку тунелите на подземната железница.
– Се уште никој не е уапсен. Истрагата продолжува, засега нема индиции дека ова пукање има терористички мотиви, изјави претставник на полицијата за телевизијата ВРТ.
Според истиот извор, спроведена е истрага на местото на кое се случил инцидентот, каде се пронајдени „неколку чаури“.
На снимките од видео надзорот се гледаат две лица со качулки вооружени со „Калашникови“ како влегуваат во метро станицата „Клемансо“ околу 6:15 часот. Набрзо тие излегуваат од станицата и стрелаат неколку пати од автоматското оружје. Целиот инцидент трае околу 20 секунди, по што двајцата „пукачи“ одново влегуваат во метро станицата.
Жител од реонот на инцидентот за ВРТ изјави дека слушнал пет или шест истрели.
Полицијата се уште не соопштува детали за осомничените, но според медиумите, тие веројатно пукале кон трето лице и дека целиот случај е поврзан со шверц на дрога.
Поради инцидентот на неколку часа беа во прекин две линии на бриселското метро, како и трамвајскиот сообраќај во околните реони. Попладнево сообраќајот е нормализиран.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
