Полицајци готвеа вечера за осамена стара брачна двојка
Четворица италијански полицајци станаа херои на денот, откако светот дозна како успеале да утешат осамена стара брачна двојка во Рим.
Полицијата добила извештај дека некој плаче и вика во еден од становите, а кога дошле на посочената адреса ги пронашле 84-годишната Џола и нејзиниот 94-годишен сопруг Микеле, објави весникот „Република“.
Несреќните стари лица биле „неутешно осамени“, а откако ги растажиле депримирачките вести од насловните страни на весниците, не можеле да престанат да плачат. Двојката нема деца, најблиските соседи им се отселиле и тие се чуствувале сами и заборавени.
Полицијците решиле да ги утешат и им зготвиле вечера - шпагети со пармезан, а потоа со нив ја минале целата вечер со цел да ги расположат.
Веста за внимателните полицајци набрзо се прошири во италијанските, а потоа и во светските медииуми, а милиони читатели веднаш ги прогласија за херои на денот.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива