Полицаец на граница пуштил малолетник без ПСР негативен тест и постапил спротивно од мерките

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за ГОКК- Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лице со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против лицето М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола - Табановце, поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ (по чл.353, став 1 од КЗ на РСМ).
Пријавениот на 10-ти овој месец во својство на полициски службеник за пасошка контрола на влез во државава, овозможил влез на малолетно лице А.С. од Кавадарци без да го заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а воедно не побарал приложување на негативен ПСР тест за “ковид 19“ од малолетното лице односно не го упатил во државен карантин со што постапил спротивно на мерките согласно Одлуката на Владата на РСМ.
Случајот е откриен истиот ден околу 19 часот кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при вршење редовна контрола го запреле возилото во кое се превезувало малолетното лице утврдувајќи дека тоа нема регулиран влез во државата ниту негативен ПСР тест и не е упатено во државен карантин. Од страна на Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник М.А поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија при МВР.
Ново на Сител
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
