Полицаец фрлил документи во приколка на „Комуна“, заработи кривична
Против полициски службеник од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола поднесна е кривична пријава поради сомнение дека одзел или уништил службен печат или спис.
МВР денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесел кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, казниво по член 390 од Кривичниот законик.
- На 20.02.2024 во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, земал дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на Ј.П. „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање на смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државен орган ОВР Крушево, се наведува во соопштението.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавениот поднесел и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрекол задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели