Ф1
19. March 2016 - 16:20

Пол позиција број 50 за Хамилтон

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои јубилејната 50. пол-позиција во својата кариера, откако беше најбрз утринава во квалификациите за Големата награда на Австралија.
Британецот стана трет возач во Ф1 со вакво постигнување. Пред него 50 пол-позиции освоија Михаел Шумахер и Аиртон Сена.
Од првиот ред на главната трка веднаш до Хамилтон ќе тргне неговиот клупски колега Нико Розберг.
 
Во вториот ред ќе бидат поставени болидите на Ферари управувани од Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Од петтата до осмата позиција се: Макс Ферстапен, Фелипе Маса, Карлос Саинц и Даниел Рикиардо.
 
Трката за Големата награда на Австралија е закажана за утре, со почеток во 7 часот.