Пол Бити добитник на литературната награда „Мен Букер"
Американскиот писател Пол Бити ја доби годинешната литературната награда „Мен Букер" за својата книга „Распродажба" (The Sellout), која е негов четврти роман.
Победата на Бити претставува изненадување, бидејќи фаворит според букмејкерите беше книгата на Медлин Тиен „Не вели дека немаме ништо" (Do Not Say We Have Nothing).
Покрај низ за наградата беа номинирани и „Врело млеко" (Hot Milk) од Дебора Леви, „Ајлин" (Eileen) од Отеса Мошфег, „Се што мажот е" (All That Man Is) од Дејвид Сали и „Неговиот крвав проект" (His Bloody Poject) на Греам Макри Барнет.
Наградата „Букер" е востановена во 1969 година и традиционално се доделува во палатата Гилдхол во Лондон. Во 2002 организаторите како спонзор ја добија корпорацијата „Мeн груп", со што наградата беше преименувана во „Мен Букер". До 2014, за наградата можеа да конкурираат само автори од Велика Британија, Ирска и од земјите од Комонвелтот.
Ова е трета година откако конкурсот е отворен за писатели од целиот свет, но само за дела напишани на англиски јазик.
Наградата за лауреатот изнесува 50.000 британски фунти.
Ново на Сител
-
ДИК: Обработени 20,25% од гласовите - Силјановска Давкова 88.209, Пендаровски 42.923
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 8% од гласовите - Силјановска Давкова 86.688, Пендаровски 34.450
-
Јанкуловска: За прв пат во историјата Македонија доби жена за Претседател!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 9,61% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 20.713 - СДСМ 5.857
-
Силјановска Давкова победник кај гласачите од дијаспората
-
ЈО: Изборниот ден генерално помина без поголеми нарушувања и пријави
-
Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
-
Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ