Покривот на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар ќе биде комплетиран до крајот на годинава
Поправката на оштетениот покрив на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, за најмногу два месеци ќе биде завршена, најави градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари по увидот во градежните активности. Вредноста на поправката на покривот и негова адаптација ќе изнесува околу 300.000 евра. Дел од покривната површина ќе биде „зелен покрив“ кој би им биде од корист на учениците во наставата.
-Иако како капитална инвестиција тоа е во надлежост на ресорното министерство и Владата, не наидовме на разбирање. Ова што сега се работи е инвестиција која е дојдена преку соработка на Владата на Швајцарија и Општина Гостивар и поддршка на УНДП. Швајцарците дадоа две, а ние една третини од средствата. Се работи за голема површина, а еден дел ќе има зелен покрив со ботаничка градина, која ќе им помага на учениците во образовниот процес и ќе биде единствен ваков пример во Македонија, изјави Траварави по увидот во градежните работи во училиштето.
Според најавите, реконструкцијата на покривот треба да биде готова за најмногу два месеца, а тоа ќе зависи од временските услови, односно снежните врнежи кои може да ја попречат работата.
Оштетувањата на покривот на училиштето изминативе две години се наоѓаа во фокусот на јавноста и политичките партии и често беа тема на меѓусебни препукувања. Родителите на учениците во нивните реакции ја повикуваа локалната власт да го исполни ветувањето за санација на покривот. Општинарите се правдаат дека изработиле проект, но централната власт не сакала да го финансира.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. „Охридско лето“
-
Русија во текот на ноќта жестоко ја нападна западна Украина со дронови и ракети
-
Работна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во земјава
-
САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“
-
Авионот на „Ер Индија“ се урна заради исклучен доток на гориво во моторите, покажува прелиминарниот извештај за несреќата
-
Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено...
-
Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата
-
Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)