Покрај платата Јанева зела и 157.000 евра додаток за доверливост - да не открива што чула во „бомбите“
Вкупно 157.000 евра плус од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно, зела поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, открива новата апликација на Министерството за финансии „Отворени финансии“ .
Јанева, овие 157.000 евра, во периодот од нешто повеќе од 4 години ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“. Дел од тие бонуси е и за кирија (400 евра) и надоместок за тоа што работела надвор од градот во кој живее (по 42 евра), објави Призма.
Најголемиот дел од бонусот е додатокот за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „други трансфери“. Овој додаток секоја година станувал сѐ поголем и поголем – 1.600 евра, па 2.200 и сѐ до 4.000 евра неколку пати во текот на секоја година или вкупно 46 пати.
Овој додаток е дел од Законот за СЈО, а одлуката за висината на тој додаток ја носела сама Јанева.
Додаток на доверливост добивале и другите обвинители и некои вработени во СЈО. Кај Јанева се регистрирани и уште неколку други уплати од Академијата за јавни обвинители, од владата и од нејзиното матично обвинителство во Гевгелија.
Катица Јанева од пред два дена е во домашен притвор. Таа е обвинета за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев. Според обвинението, Јанева добила 50.000 евра и мебел во вредност од 5.000 евра за да му дозволи на Камчев да се брани од слобода и да му го врати пасошот додека за него течела истрагата за „Империја“.
Јанева во периодот додека беше во затворот Шутка побарала и апанажа, односно уште една година да ја зема платата како поранешен функционер, а побарала и пари од т.н. „колективен фонд“ на СЈО за да ја плати адвокатката.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа