Погребана мајката на Јелена - Во ужасна тишина испратена до вечното живеалиште
Погребот на Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената Јелена која почина во вторникот е завршен. Ожалостените ковчегот го спуштиле во гробот, додека сестрата на покојната Зорица, Љубица ја однеле од гробиштата по спуштањето на ковчегот бидејќи и се слошило.
Присутните на погребот немо фрлале земја врз ковчегот додека владеела тишина.
Зоран Марјановиќ мирно стоел неколку метри од гробот со своите не разговарајќи со никого.
Останатите присутно полека си одат.
Колоната непосредно пред тоа ја предводеле сестрата на Зорица во лелек и плач, но тука биле и Зоран и останатите од семејството.
Инаку, опелото за Зорица на гробиштата Збег во Борча почнало во 11:30.
Првите кои пристигнале биле блиските пријатели и семејството кои веднаш влегле во капелата. За тоа дека голем број на луѓе дошле да ја испратат Зорица во вечното живеалиште говори и големиот број на луѓе кои биле надвор од капелата.
Меѓу последните кои пристигнале биле Зоран и Милош Марјановиќ кои носеле венец а со нив била и девојката на Милош.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи