-->
-->
Погледот, бојата и обликот на очите откриваат многу за личноста
-->

Погледот, бојата и обликот на вашите очи можат да кажат многу за вашиот карактер. Дека очите се огледало на душата се знае многу оддамна. Уверете се уште еднаш дека тоа е така.
Сини очи
Тие се истовремено и атрактивни и многу чувствителни, но и страствени и многу интуитивни. Од друга страна ги карактеризираат трпеливост и ретко кога ги искажуваат своите чувства. Тие се жестоки борци за правдата и спремни се да кажат што мислат без оглед на последиците. Тие се многу енергични, комуникативни, но имаат недостаток на самоконтрола и тешко ја контролираат љубомората.
Зелени очи
Тие се постојани и храбри. Секогаш се спремни на се и ретко што може да ги изненади. Сакаат да експериментираат и секогаш имаат оригинални идеи. Амбициозни се и сами сакаат да си го постигнат успехот. Во врската се верни и искрени. Но кога не се во врска уживаат во флертот и забавата. Тие се искрени пријатели. Знаат да бидат многу дискретни и наклонети кога најмногу ви се потребни.
Кафени очи
Тие се разумни, бистри и мудри. Не поднесуваат авторитет и често делуваат како да немаат почит кон другите. Од друга страна се многу чувствителни и енергични, секогаш го кажуваат она што го мислат заради што пријателите, колегите и претпоставените најмногу ги ценат.Сакаат да остават впечаток на храбра личност. Добро се снаоѓаат во повеќето ситуации и можат да најдат решение многу лесно на проблемите. Колку се на работа одговорни, озбилни и смели толку се во кревет страствени и склони кон експериментирање. Кога се запознаваат со некоо, на почетокот се дистанцирани и не се “отвараат” лесно кон непознатите.
Црни очи
Тие се ретки и затоа предизвикуваат големо внимание. Тие се храбри, креативни, енергични, сексипилни, имаат голема љубов кон уметноста и животот. Сите животни удари ги дочекуваат на нозе и насмеано. Имаат многу цврст карактер и став за кој зборуваат отворено и без срам. Во љубовта се секогаш доминантни. Полни се со самодоверба и се добра потпора на своите пријатели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот