Погледнете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерна облачност, како и со умерен, а повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и топло.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
