Погледнете ја трансформацијата на ова напуштено болно куче пронајдено покрај пат
Ова изгладнето и напуштено куче, поминало покрај неверојатна трансформација, и тоа заблагодарувајќи се на добри луѓе. Индиска група за заштита и спасување на животните пронашла куче кое изгледало полумртво.
На прв поглед кучето изгледало како куп камења, неговото слабо тело било завиткано во топка, неговото крзно било целосно опаднато а имало и шуга.
Го земале кучето, но сепак било јасно дека ова куче има изгубено секаква надеж за живот. Цело време лежелo во куќарката. Целото тело му било прекриено со рани и бил исцрпен.
Но она најстрашното е тоа што кучето не знаело што значи човечки допир и нежност, кога волонтерите му пристапиле за да го погалат, кучето ги одгурнувало со нозете. Но волонтерите не изгубиле надеж и не запреле, знаеле дека можеле да го излечат.
Десет дена покасно кожата му зараснала, но очите и понатаму му биле полни со тага. Но со многу љубов и внимание се се променило.
Два месеци подоцна кучето е потполно непрепознатливо. Прекриено со прекрасно бело крзно, весел израз на лицете, скока околу волонтерите се игра со нив и се гали.
Најголемата трансформација е онаа во неговите очи, прв пат по долго време се гледа надеж и среќа во неговите очи. Секоја година Animal Aid пружа медицински третман на стотина улични кучиња.
Ново на Сител
-
Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат
-
Ристески: Со есенската кошница ги стабилизиравме и намаливме цените
-
Србин усмрти пешак на магистралата Куманово-Крива Паланка
-
Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција
-
Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож
-
18 годишник силувал 20 годишна девојка во Кисела Вода
-
Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија
-
Најмалку 20 убиени во денешните израелски напади во Појасот Газа