-->
-->
Погледнете го лицето на човекот кој бил брутално убиен пред 1400 години
-->

Форензичарите од Универзитетот Данди успешно го реконструираа лицето на човек кој починал пред 1.400 години, пишува Metro.
Археолошките ископувања во пештера откриле добро сочувани коски на човек кој во моментот на смртта лежел на грб со прекрстени нозе околу кои имало заврзано тешки камења. Коските биле испратени на анализа во Универзитетот Данди, поточно во Центарот за анатомија и човечка идентификација.
Откриено е дека човекот починал меѓу 430 и 630 година и веројатно припаѓал на племето Пикти кои живееле во денешна Шкотска и успешно ги одбивале нападите на Римјаните. Со анализа е утврдено дека човекот примил пет удари во главата со тап предмет.
„Како што може да видите од реконструкцијата, тој бил исклучително млад човек кој се соочил со исклучително брутален крај, страдајќи од минимум пет тешки повреди на главата“, вели форензичкиот антрополог Дем Сју Блек.
Анализата покажала дека при првиот удар во главата се скршил заб од десната страна, а по вториот му пукнала вилицата од левата страна. Потоа човекот се срушил на под по што целосно ја скршил вилицата. Четвртиот удар убиецот го задал за да се увери дека жртвата е мртва, а со истото оружје, најверојатно стап, му го пробил черепот.
Скелетот бил пронајден при археолошки ископувања на пештера. Причините за убиството не се познати, но научниците сметаа дека станува збор за караница меѓу двајца мажи или за некаква форма на жртвување.
Оваа реконструкција е резултат на најновите технолошки достигнувања од областа на анатомијата, антропологијата и форензиката.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
