-->
-->
Погледнал во ВЦ шолјата и се заледил од страв!
-->

Во австралискиот град Townsville изгледа редовна појава на жителите станала да пронаѓаат змии во ВЦ шолјите.
Елиот Буд, кој работи како ловец на змии, за послетните десет дена дури два пати добил повик да отстрани змии кои се одомаќиниле во тоалетите.

- Првата била долга околу три метри, а другата околу 2,4 метри - изјавил Елиот за CNN.
- Првата ја пронашле работници кои работеле на реновирање на куќата. Ми беше лесно да ја фатам бидејќи беше заглавена - додава Елиот.

Кога по втор пат добил позив од истиот град да извади змија од ВЦ шолја мислел дека некој се шегува со него.
- Кога добив повик од една госпоѓа и ми рече дека сака да извадам змија од нејзиниот тоалет, мислев дека се шегува некој со мене. Кога отидов на лице место затекнав змија од 2,4 метри.

Елиот објаснува дека змиите најчесто влегуваат во куќите од подотворени врати или пак прозори.
- Јас сум водоинсталатор, и мислам дека мала е веројатноста змиите да дојдат од канализациските цефки.
Меѓутоа Елиот не ја исклучува оваа можност, бидејќи како што тврди, неговите колеги кои 20 години ја работат оваа работа, сеуште не затекнале змија зад затворена врата во тоалет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани