Подољак: Украина не планира да ја нападне Русија со американски ракети
– Украина не планира да користи ракетни системи што ги доби од САД за да напаѓа цели во Русија, изјави претседателскиот советник Михајло Подољак.
„Украина води одбранбена војна и не планира да користи МЛРС за да ги нападне објектите во Русија. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје“, напиша Подољак на Твитер.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во средата изјави дека Украина им ветила на САД дека нема да користи напредни американски ракетни системи за напад на руска територија.
„Украинците ни дадоа гаранции дека нема да ги користат овие системи за цели на руска територија. Постои силна доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу другите сојузници и партнери, рече Блинкен.
Американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати прецизни ракетни системи со долг дострел во Украина како дел од пакетот воена помош од 700 милиони долари.
Ново на Сител
-

Николоски: Се финализираат галериите - најтешкиот дел од автопатот Кичево - Охрид
-

Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица
-

Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија
-

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
