Поднесено обвинение за неколку кражби на велосипеди во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Во периодот од 23.10 до 21.11 обвинетиот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото кривично дело, искористувајќи исти прилики, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Имено, во четири одвоени кривично-правни настани, на различни локации во Скопје, обвинетиот влегувал во влезови од згради од каде крадел велосипеди. Притоа со употреба на физичка сила ги кинел сајлите со кои биле врзани велосипедите и противправно ги присвојувал.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
