Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Трговско друштво за вработување на инвалидни лица – заштитно лице за производство, трговија и услуги Але – Дар Дооел од Кочани во својство на правно лице и А.А.(34) од Кочани, одговорно лице, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Според пријавата, во текот на 2023 година, при реконструкција на постоечки легален објект, без одобрение за градење од надлежен орган, била извршена доградба на објект со вкупна површина од 395,14 метри квадратни, од кои дел на земјиште во сопственост на правното лице, а дел на државно земјиште.
Доградениот објект бил ставен во функција и од 05.05.2023 година се користел како угостителски објект, при што се вршела угостителска дејност и се остварувала имотна корист.
Бесправната градба била констатирана од страна на градежен инспектор од Општина Кочани со записник од 03.04.2026 година.
Ново на Сител
-

Јаневска: Наша цел е воведување на ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците
-

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка
-

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
