Подгответе се за нов студен бран - Не очекува вистинска зима

Времето во Македонија ќе биде стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и ноќта ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со повремен слаб дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од седум до 15 степени.
Во Скопје ќе биде стабилно со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет.
За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.
Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето.
Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.
Со промената на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот.
Ново на Сител
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
