-->
-->
Подготовки за одбележување на Успение на пресвета Богородица во Матка
-->
Православните христијани на 28 август го одбележуваат еден од најголемите празници Успение на пресвета Богородица. Во предвечерието на празникот и на самиот ден Скопјани најчесто го посетуваат манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, каде и годинава одбележувањето ќе биде согласно со мерките за Ковид-19.
Одбележувањето започнува на 27 август во 17 часот со Вечерна богослужба која ќе се одржува во дворот на манастирот на отворено. На полноќ ќе започне бдение, кое ќе заврши со Божествена литургија. Службата ќе почне во 8 часот утрото на 28 август и исто така ќе се одвива на отворено. Со неа ќе чиноначалствуваат свештеници од Скопската епархија.
На 28 август, традиционално во дворот на манастирот ќе се одржи крводарителска акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка