Под мотото „Еднакви можности за сите деца“, хуманитарна манифестација семеен базар

Под мотото „Еднакви можности за сите деца“, се одржа 10. издание на хуманитарната манифестација семеен базар, во организација на меѓународното училиште „Нова“.
На манифестацијата вчера посетителите имаа можност да вкусат специјалитети од различни земји, да купат книги или ракотворби, да погледнат танцови и музички точки и да се забавуваат во малечка зоолошка градина.
Дел од собраните 4.000 евра на семејниот базар ќе бидат наменети за Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.
На базарот присуствуваше и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли како и голем број претставници на дипломатскиот кор во земјава, личности од бизнис-заедницата, а дел од нив бие задолжени и за подготовка и продажба на храната од земјата каде потекнуваат.
Секоја година дел од собраните пари се насочуваат за различна хумана цел и досега средствата биле наменети за Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“, за Домот на доенчиња од Битола и за голем број други институции.
- Покрај забавата, дружењето и интересната програма, базарот има и хуманитарна димензија која е исклучително важна. Во нашето училиште во тек на целата година се организираат добротворни акции во кои се вклучени нашите ученици, но оваа манифестација е со најголеми размери. Дел од средствата овој пат ќе бидат наменети за Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје и трите училишни дивизии со цел да се набават материјали и алатки кои најмногу им се потребни, велат од училиштето „Нова“.
Манифестацијата е организирана од Здружението на родители и наставници при меѓународното училиште, со поддршка од учениците, родителите и професорите во оваа образовна институција.
Ново на Сител
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
-

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
