Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, извршија претреси на повеќе локации низ Градот Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 12 осомничени лица за кои постои основано сомневање дека деветмина од нив како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека тројца се осомничени за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.
-Деветмината осомничени од почетокот на 2022 година до денес се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот. Тие, искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица, им позајмувале пари со пресметување камата од 5 или 15 отсто месечно зголемена за секое задоцнување. Од оштетените барале да им ги вратат позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата. Кога оштетените не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка, од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица, информира Јавното обвинителство.
Паричните средства што во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што ваквата несразмерна имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови.
-Така, постои основано сомневање дека во истиот период, дванаесетмината осомничени и едно осомничено правно лице, како организирана криминална група за перење на пари, се стекнале со противправна имотна корист од 125 033 527 денари прибавена со кривичното дело Лихварство. Дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица, дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина, наведува Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје во текот на утрешниот ден ќе достави соодветни предлози за обезбедување присуство на осомничените.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
